Арсенал пак не победи дома, Евертон славеше во Лестер

Арсенал никако не успева да излезе од резултатската криза, откако „топчиите“ вечерва едвај стигнаа до реми на домашен терен против Саутемптон. По четирите порази во низа на „Емирати“, добра вест е што избраниците на Саутемптон овојпат освоија барем еден бод, што сепак е премалку за тим исполнет со врвни фудбалери.

Тео Волкот ги донесе гостите во водство постигнувајќи гол против својот поранешен клуб, а на почетокот од второто полувреме израмни Обамејанг, со првиот гол од игра на Габонецот по пауза од речиси два месеци. И кога се очекуваше домаќините да тргнат по втор гол, повторно црвен картон во нивните редови, овојпат дефанзивецот Габриел беше играчот што предвреме го заврши натпреварот, па Арсенал до крајот беше принуден да го чува ова реми.

Евертон и без помошта на Хамес Родригез стигна до триумф на тешкото гостување против Лестер (0-2). Ричарлисон го отвори резултатот во раната фаза на мечот, а конечните 0-2 во второто полувреме ги постави дефанзивецот Холгејт.

Се вчитува...