Арсенал победува со ланскиот рецепт – еден гол, три бода

Арсенал го задржа стопроцентниот ефект откако актуелниотшампион на Премиер-лигата славеше на вечерашното гостување против Астон Вила со 0-1, во последното меч од второто коло од новата сезона.

„Топчиите“ стигнаа до цел плен со истиот рецепт како и во ланската шампионска сезона, базирајќи се на цврста одбрана по што еден гол им е доволен на избраниците на Артета да стигнат до цел плен. Овојпат тој гол беше дело на Сака во второто полувреме, кога крилниот офанзивец се најде на вистинското место по одличното додавање на Калафиори и немаше тешка задача да ја смести топката во мрежата.

Астон Вила може да жали за промашената шанса на Буендиа во првото полувреме при 0-0 кога топката заврши во дирекот од голот на Давид Раја.

Домаќините се обидоа да израмнат по примениот гол, но одбраната на Арсенал беше на висина на задачата и успеа да го сочува минималното водство до самиот крај.

Се вчитува...