Арсенал потврди – Обамејанг веќе не е капитен на „топчиите“

Пјер Ерик Обамејанг веќе не е капитен на Арсенал, потврдија од премиерлигашот. Габонецот е во очајна форма сезонава, а уште повеќе ги фрустрира тренерот и соиграчите со своето oднесување.

Поради тоа Артета го отстрани од тимот, а сега стигна потврда дека му е одземена и капитенската лента која ја доби на стартот на сезоната.

„По дисциплинската постапка која беше почната минатата недела ве известуваме дека Пјер Ерик Обамејанг веќе не е капитен на нашиот клуб и нема да биде дел од тимот за мечот против Вест Хем кој на програмата е во среда“, стои во соопштението на Арсенал. 

 

Се вчитува...