Арсенал направи голем чекор кон доведување на Морган Роџерс, еден од најбараните млади напаѓачи на европскиот пазар.
Роџерс е прв избор на Арсенал веќе подолго време кога станува збор за засилувања на крилните позиции. Англиските медиуми наведуваат дека преговорите се во завршна фаза, и наскоро би требало да потпише со „топчиите“. Арсенал верува дека доаѓањето на Роџерс би донело нова димензија во нивната игра во напаѓачкиот дел од теренот.
Младиот Англичанец е познат по својата сила, продорност и способност да создаде вишок во ситуации еден на еден, поради што многумина го сметаат за еден од најперспективните играчи на неговата генерација.
Токму поради овие карактеристики, Арсенал го гледа како идеално засилување за следната сезона.
Исто така Арсенал е пред доведување и до грчкиот репрезентативец од Бриж, Христос Цолис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
