Арсенал се поблиску до потписот на Жезус

Англискиот премиер-лигаш Арсенал е се поблиску до потписот на бразилскиот интернационалец, Габриел Жезус, пренесуваат англиските медиуми. По доаѓањето на Ерлинг Халанд во Манчестер сити, Жезус и дефинитивно ќе го напушти клубот од „Етихад“, а главен фаворит за неговиот потпис се токму „топчиите“.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Бразилецот сака да се пресели на „Емирејтс“, кои најверојатно за неговите услуги на „граѓаните“ ќе им исплатат 50 милиони фунти. Менаџерот на Арсенал, во неколку наврати изјави дека Жезус е негов приоритет во летниот преоден рок.

Жезус во Манчестер сити стигна во 2017 година, а во таборот на „небесно сините“ запиша 159 настапи на кои постигна 58 гола.

Се вчитува...