Арсенал сигурно чекори кон Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Фудбалерите на Арсенал триумфираа на гостувањето кај Астон Вила со 0-1 во единствениот натпревар од 30. коло во Премиер-лигата кој на програмата беше денеска.

Клучниот момент во натпреварот се случи во 30. минута кога Бакајо Сака донесе големи три бода за „топчиите“ во борбата за едно од местата кои водат во Лигата на шампионите следната сезона.

Со овој триумф Арсенал ја зголеми предноста над петтопласираниот Манчестер јунајтед на првенствената табела на четири бодови, а тимот од Лондон има и натпревар помалку од „црвените-ѓаволи“ и е во пол-позиција за освојување на четвртото место.

 

 

 

 

 

Се вчитува...