Арсенал со „петарда“ за Саутемптон, Велбек се врати со два гола, хет – трик на Волкот

Арсенал на доминантен начин се пласира во следното коло од ФА купот на Англија совладувајќи го Саутемптон на гости со 0-5. Дани Велбек, англискиот репрезентативец кој долг период беше надвор од терените поради повреда, се врати во составот на Арсенал со два гола, а хет – трик постигна Тео Волкот.

Дани Велбек во 15.минута го отвори резултатот, а седум минути подоцна постигна уште еден погодок за 0-2. До крајот на првиот дел и Тео Волкот се запиша меѓу стрелците во 35.минута, а потоа уште двапати стрелаше и во второто полувреме.

All Goals & Highlights HD – Southampton 0-5… by arcturusmedia33

Се вчитува...