Арсенал соборува клупски рекорд: На маса 80 милиони евра за Николас Пепе

Арсенал до крајот на преодниот рок ќе го реализира најголемиот трансфер во клупската историја. Како што пренесуваат англиските медиуми, „топчиите“ подготвија 80 милиони евра за доведување на Николас Пепе, младиот офанзивец од Лил.

24-годишниот напаѓач зад себе има извонредна сезона во францускиот прволигаш кого го доведе и до Лигата на шампионите.

Пепе е огромна желба и на Баерн Минхен, но во моментов Арсенал силно „гризе“ за неговите услуги. Доколку потпише за тимот од Лондон ќе биде најскапиот играч во историјата на Арсенал. Досегашен рекордер е Обамејанг кој во јануари 2018 години пристигна од Борусија Дортмунд за 65 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите.

Се вчитува...