Арсенал тргнува по потписот на Медисон

Арсенал имаше уште една разочарувачка сезона во која лондонскиот клуб ги фрустрираше своите навивачи, Микел Артета ја доби довербата на управата да остане уште една сезона, но на шпанскиот стратег му е јасно дека ќе мора да го засили играчкиот кадар ако сака да се вмеша во трката за висок пласман.

Меѓу посакуваните засилувања на Микел Артета е играчот на Лестер, Џејмс Медисон кој треба да го замени Мартин Одегард. Норвежанецот пристигна во Арсенал во зимскиот трансфер период на позајмица од Реал Мадрид и ја даде дополнителната свежина во составот, но за следната сезона ќе се врати во Мадрид.

24-Годишникот Медисон е една од големите надежи на англискиот фудбал, кој претходната сезона на 31 одигран натпревар забележа осум гола и седум асистенции. За неговите услуги Арсенал ќе треба да исплати 70 милиони евра.

Се вчитува...