Арсенал тргнува по потписот на Томас Парти

Англискиот премиерлигаш Арсенал тргна по потписот на играчот за врска на Атлетико Мадрид Томас Парти, пренесуваат англиските медиуми. „Топчиите“ се подготвени да мадридскиот клуб да му исплатат 45 милиони фунти за Томас Парти.

27-годишникот е производ на школата на Атлетико Мадрид. Дебито во првиот тим на клубот од „Ванда Метрополитано“ го имаше во 2015 година, а оттогаш тој запиша 124 настапи на кои постигна 11 гола.

Медиумите на Островот тврдат дека и Енис Барди е мета на Микел Артета, што значи дека шпанскиот стратег е подготвен да направи целосен ремонт во средината на теренот.

Се вчитува...