„Промашувањето“ на Манчестер Јунајтед би можел да стане „топчија“

Арсенал не успеа да избори излез во европските натпреварувања следната сезона, но „топџиите“ веќе работат на составување на тим кој ќе атакуа на место во „топ 6“ екипите во Премиерлигата и враќање на славата на англискиот гигант.

Големата желба на Артета, Емилиано Бундиа заврши во редовите на Астон Вила па сега погледите на тимот од „Емирати“ се насочени кон Дони ван де Бек. Холанѓанецот кој пристигна во редoвите на Манчестер Јунајтед за 44 милиони евра беше прогласен како промашен трансфер и најверојатно нема да се задржи долго на „Олд Трафорд“.

Англиските медиумите пишуваат дека овој трансфер би бил поволен и за Манчестер Јунајтед кој е подготвен и да загуби пари во продажбата на играчот од средниот ред со оглед на тоа што на списокот на желби на „црвените ѓаволи“ се наоѓа фудбалерот на Вулверхемптон, Рубен Невеш.

Се вчитува...