Арсенал триумфално: Надежта за Европа се уште живее

Арсенал се уште гаи надежи за излез на европската сцена следната сезона откако во 33. коло од Премиерлигата на гостувањето против Вулверхемптон славеше со 0-2.

„Топчиите“ немаа проблем да дојдат до трите бода, најавувајќи ја победата со голот на Сака во 43.минута. Во второто полувреме, Лаказет погоди во 87.минута за конечни 0-2.

На пет кола до крајот на сезоната, Арсенал сега со 49 бода се уште е во трка по позиција за Лигата на Европа.

Се вчитува...