Англискиот шампион кој има одличен старт на сезоната се три победи во три меча, веќе размислува за зимскиот преоден рок кога планира да тргне по потписот со еден од најдобрите играчи на светот.
Според англиските и шпанските медиуми, „Арсенал подготвува понуда тешка 80-тина милиони евра за Рафиња, кој од сезонава е и прв капитен на Барселона.
Артета сака да ја зголеми конкуренцијата во нападот и според медиумите изборот паднал на Рафиња, но мали се шансите да успее да го договори трансферот.
Бразилецот во мај 2025 година година потпиша нов договор, а минатата сезона беше еден од најзаслужните за освоената титула во Ла Лига. Рафиња на 56 натпревари во во сите натпреварувања во минатата сезона постигна 34 гола и имаше 25 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
