Арсеније Вучковиќ се врати во Гостивар пред дуелот со МЗТ Скопје

Прволигашката сезона за Гостивар продолжува денеска во СЦ „Јане Сандански“ каде ќе се обиде да стигне до изненадување против МЗТ Скопје, а за тоа Љупчо Малинков ќе може да смета на Арсеније Вучковиќ кој по нецели три години се враќа на добропознатото место.

Босанското крило беше дел од гостиварскиот состав во сезоната 19/20 и одигра 11 натпревари на кои бележеше просек од 5.7 поени и 3.5 скока за 15 минути поминати во игра. По заминувањето од Гостивар кариерата ја продолжи во Теодо Тиват, а настапуваше и во чешкото првенство.

Во тамошната прва кошаркарска лига броеше настапи за Оломоучко и Пардабице. Претходната сезона ја заврши со просек од 14.8 поени и 6.8 скока со што се очекува да биде големо засилување за „сино-белите“ во продолжението од сезоната.

Се вчитува...