Арсими го најде лекот за Пелистер

Арсими дојде до нова огромна победа, славејќи со 1-0 над Пелистер со што овој тим и дефинитивно се одлепи од ривалите обезбедувајќи сигурен опстанок во прволигашката конкуренција..

Битолчани во претходните две рунди ја совладаа Шкендија, ремизираа со Вардар и полни со самодоверба влегоа во денешниот натпревар.  Сепак, „пелистерци“ немаа одговор за цврстиот противник кој во 44. минута успеа да постигне погодок преку Дардишта, а потоа во вториот дел да ја задржи минималната предност.

Битолскиот прволигаш по овој пораз го очекува жестока борба за да се задржи на деветтото место кое значи и бараж за опстанок, ако се знае дека сезонава три екипи испаѓаат од елитното друштво.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...