Арсими соопшти дека Контрерас е веднаш успешно опериран

Вчерашниот натпревар меѓу Арсими и Силекс од 9. коло во Првата македонска фудбалска лига мина во сенка на тешкат повреда на фудбалерот на Арсими, Колумбиецот Диего Контрерас.

Па, доцна синоќа од Арсими официјално информираа дека операцијата на Контрерас е успешно завршена.

„Нашиот клуб му посакува на Диего брзо закрепнување и целосно опоравување, посакувајќи да го види наскоро назад на зелениот терен. Изразуваме искрена благодарност до медицинскиот тим и сите доктори кои се погрижија за успешната операција на нашиот фудбалер“ – информираа од Арсими.

Се вчитува...