Арслан: Шкупи не дојде во Софија на екскурзија

Шефот на стручниот штаб на Шкупи, Џихад Арслан, очекува добро издание на својот тим во обид да го изненади Левски на утрешниот реванш од Конференциската лига на УЕФА.

Македонскиот тим и покрај солидното издание на првиот меч загуби со 0-2 во Скопје, шансите за пласман во следната рунда се сведени на теорија, но Арслан јасно стави до знаење дека неговиот тим е дојден без бело знаме во Софија.

„Не е лесно да играте кога ќе загубите со 0-2 дома, но ние не дојдовме во Софија на екскурзија. Ќе направиме се што можеме да се претставиме добро, за себе и за македонскиот фудбал.  Дознавме дека се случувале лоши работи во Скопје, тоа не е добро. Не сакаме такви работи во фудбалот. Сакавме и нашите фанови да бидат тука, но за жал тоа нема да се случи“, изјави Арслан.

Се вчитува...