Артата составува одличен тим: Ѕвездата на Порто доаѓа во Лондон (ФОТО)

Фабио Виеира е нов фудбалер на Арсенал, пренесува доброупатениот Фабрицио Романо. Ѕвездата на Порто во Лондон доаѓа во трансфер вреден 35 милиони евра и се очекува да биде огромна помош во враќање на славата на лондонскиот состав.

Дваесетидвегодишниот играч од средниот ред кој претходната сезона постигна седум гола и забележа шестнаесет асистенции за Порто во сениорската конкуренција перфектно се вклопува во младиот состав на Мике Артета и треба да донесе стабилност во средниот ред.

Се вчитува...