Артета го носи Клаудио Браво на „Емирати“

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, сака да го доведе голманот на Манчестер Сити, Клаудио Браво, на „Емирати“. По повредата на Бернд Лено, кој ги истегна лигаментите на десното колено, Артета сака да има уште еден квалитетен голман во опција за следната сезона.

Лекарскиот тим на Арсенал соопшти дека Лено ќе може да се врати за околу два месеци, но менаџерот на „топчиите“ не сака да ризикува и да остане само со Емилијано Мартинез.

Микел Артета одлично ги познава квалитетите на Клаудио Браво од периодот додека му беше асистент на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити и му нуди можност за многу поголема минутажа. Чилеанецот е резерва во составот на „граѓаните“ откако Манчестер Сити го доведе Едерсон од Бенфика во 2017 година.

 

Се вчитува...