Артета го нуди Тореира во размена за Томас Парти

Томас Парти е една од најголемите желби на менаџерот на Арсенал, Микел Артета, за комплетирање на средниот ред на „топчиите“ во новата сезона. Тој се обидува да го доведе играчот за врска на Атлетико Мадрид подолг период, но засега нема потврден одговор од шпанскиот клуб.

Артета смисли нова понуда. Подготвен е во размена да го испрати Лукас Тореира на „Ванда Метрополитано“. Уругваецот нема голема минутажа на „Емирати“, побара да си замине и размислува за враќање во Италија, но би се сложил да замине и во Атлетико Мадрид и да се испроба во Ла Лига.

Се вчитува...