Иако неговиот тим моментално е лидер во Премиерлигата, Микел Артета одлучи дека играчите мора да тренираат и на Божиќ.
Арсенал оваа сезона нема обврски на Боксинг деј (26 декември), но првенството продолжува еден ден подоцна, тренерот смета дека во овој дел од сезоната е потребно да се одржи високо ниво на интензитет и работни навики.
Според англиските медиуми, тимот ќе се собере на Божиќно утро во тренинг центарот Лондон Колни. По завршувањето на обврските, на играчите ќе им биде дозволено да се вратат кај своите семејства, но јасно е дека поединци ќе мора да ги прилагодат своите планови за одмор.
Фудбалерите сепак ќе имаат слободен ден на Бадник, веднаш по четвртфиналето на Карабао купот против Кристал Палас, кое е закажано за 23 декември.
Оваа одлука доаѓа во исто време со многу критики упатени кон Артета, најмногу поради растечкиот број повреди во тимот. Тренерот тврди дека тренинзите не се премногу напорни, но дел од навивачите не го делат неговото мислење, со оглед на тоа што Арсенал остана без неколку важни дефанзивци, додека најголемата непозната во моментов е состојбата на Вилијам Салиба, кој ги пропушти последните четири натпревари поради повреда на глуждот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

