Микел Артета и Арсенал имаат за што да жалат откако „топчиите“ ремизираа 1-1 на гостувањето против Фулам. Арсенал имаше 70% од поседот на топката, создаде убави шанси, но не успеа да направи целосен пресврт откако Фулам прв поведе со извонредниот погодок на Раул Хименез.
„Искрено жалам што не победивме. Апсолутно ги заслуживме трите бода, но тоа што не победивме се должи на квалитетот на противникот. Не можеме да плачеме поради тоа, дадовме се од себе, покажавме карактер, но не можевме да постигнеме гол. Милиметри пресудија при оној втор гол на Сака, но што е тука е… На вакви натпревари треба да се дадат по најмалку три гола за да се биде сигурен дека ќе се победи, а тоа не е нималку лесно“, изјави Артета.
Голем проблем за стратегот на Арсенал беа повредите на Габриел и Калафиори, заедно со отсуството на Вајт поради што тој мораше да експериментира со одбранбената линија на овој дуел.
„Можам да ви гарантирам дека ако ја имавме целата одбрана немаше да го примиме тој гол. Сепак, некогаш и треба да се пофали одличната акција на противникот“, прокоментира Микел Артета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА