Артета: Не очекува бурна зима, но нема импулсивно да купуваме нови играчи

Микел Артета е на добар пат да го препоради Арсенал. Лондонскиот состав кој еднаш важеше за доминантен тим во Премиерлигата полека се опоравува од големиот пад па со состав полн со млади играчи сега го завзема четвртото место на табелата.

Притоа стратегот на клупта на „топџиите“, Микел Артета не ја исклучи можноста за нови засилувања во јануарксиот преоден рок. Како што вели Шпанецот доколку до истите дојде, тие ќе бидат „вистинските“ засилувања за тимот.

„Се наоѓаме во добра позиција и во добра форма, но за да завршиме каде што сме сега ќе ни биде потребна помош. Сакаме да доведеме нови играчи, но нема да брзаме со одлуката. Мора да ги доведеме „вистинските“ играчи и тоа нема да биде импулсивно купување поради настапот на дел од нашите играчи на Афричкиот Куп. Имаме план и работиме според него. Не гледаме на тоа колку пари ќе потрошиме, туку колку пари ќе инвестираме во тимот. Не очекува бурна зима, па што ќе се случи останува да видиме“, вели Артета.

Се вчитува...