Артета не запира – 100 милиони фунти за нова „ѕвезда“ во Арсенал

Арсенал се закити со титулата во Премиер-лигата, се лизна на последната пречка пред трофејот во Лигата на Шампионите, по што „топчиите“ ќе го продолжат трендот на купување скапи засилувања за да ја нападнат двојната круна во наредната сезона.

Микел Артета носи најмалку по едно супер-скапо засилување секое лето, тренд што ќе продолжи и летово. А на врвот на листата со желби на Шпанецот е англискиот репрезентативец Морган Роџерс од Астон Вила.

Станува збор за плејмејкер сличен на Езе, кој може да игра веднаш зад напаѓачите или како лево крило, Роџерс имаше извонредна сезона во Вила, но не крие дека би сакал да направи чекор напред во кариерата доколку пристигне вистинска понуда.

Вила не сака ни да чуе за продажба, но клубот од Бирмингем веќе извесен период се соочува со финансиски проблеми, па Арсенал е подготвен да плати 100 милиони фунти за што поскоро да го заврши овој „дил“ и да му го донесе на Артета засилувањето што го посакува.

Тој ги има Тросар и Мартинели како леви крила, но стратегот на „топчиите“ е убеден дека Роџерс е последното делче од „мозаикот“ за Арсенал да почне да доминира во Премиер-лигата, но и конечно да се закити со титулата во Лигата на Шампионите.

Се вчитува...