Артета по големата победа во дербито: „Уживав од првата минута до крај“

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, ги искажа своите впечатоци по победата во големото лондонско дерби против Челси.

Дербито од третото коло од Премиерлигата му припадна на Арсенал, кој по пресврт го победи Челзи со 2-1.

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, беше задоволен од настапот на својот тим.

„Мислам дека игравме одлично. Уживав од првиот до последниот момент. Почетокот беше тежок, но уживав бидејќи тимот реагираше на спектакуларен начин. Самодовербата, решителноста, квалитетот што го покажавме, беа прекрасни. Натпреварот беше фасцинантен, мислам дека и навивачите го видоа на тој начин и мислам дека ја заслуживме победата, од која, секако, сум многу задоволен“, рече Артета на прес-конференцијата, а потоа продолжи:

„Сигурно правиме погрешно штом први примаме гол, и многу зборувавме за тоа. После тоа одговоривме како што треба, навивачите повторно беа одлични, атмосферата беше многу инспиративна и многу корисна. Навистина чувствуваме дека ова беше голема победа за нас.“

Се вчитува...