Артета пронајде стопер во Ла лига

Арсенал е заинтересиран за стоперот на Севилја, Диего Карлос. Одбраната беше најголемиот проблем за „топчиите“ сезонава. Тие завршија на 8. место во Премиер-лигата, но успеаја да го освојат ФА купот преку кој се квалификуваа во Лига Европа.

Ако сакаат да имаат напредок следната сезона прво нешто што треба да направат е да ја засилат одбраната, а прв пик е 27-годишниот дефанзивец на Севилја. Карлос сезонава за тимот од „Санчез Пискуан“ одигра 35 меча во сите натпреварувања на кои постигна два гола. Севилја заврши четвртта во Ла лига и следната сезона ќе биде дел од Лигата  на шампионите.

Поранешниот фудбалер на Нант, Есторил, Порто и бразилските Мадеира и Паулиста во моментов на пазарот се проценува дека вреди околу 50 милиони евра.

Се вчитува...