Артета: Разочаран сум, треба да бидеме немилосрдни кон тимови како Бенфика

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета верува дека неговиот тим заслужи повеќе од нерешено на мечот со Бенфика. Дуелот помеѓу Арсенал и Бенфика во шеснаесеттото финале од Лигата на Европа заврши со резултат 1-1. Бенфика поведе преку Пици од пенал во 55-та минута, а Букајо Сака го постигна израмнувачкиот погодок за Арсенал во 57-та минута.

Според начинот на игра и прикажаното на теренот, менаџерот на „топџиите“, Артета, смета дека неговите играчи заслужиле победа.

„Требаше да го напуштиме стадионот со подобар резултат. Доминиравме, создадовме неколку добри можности. Треба да бидеме повеќе немилосрдни. Разочаран сум од начинот на кој го примивме голот“, изјави Артета по мечот.

Пјер-Емерик Обамејанг на социјалните мрежи изјави дека жали за пропуштените можности.

„Вакви работи се случуваат. Пропуштивме големи шанси. Обамејанг немаше среќа да постигне два или три гола, што инаку би ги реализирал во вакви ситуации“, додаде Микел.

Менаџерот на лондонскиот тим имаше само пофални зборови за Сака.

„Тој е полн со самодоверба. Сака имаше големо влијание врз последните резултати што ги постигнавме. Тој е во добра форма, постојан е. Ние мора да бидеме мудри, да го заштитиме“, заклучи Артета.

Се вчитува...