Лидерот во Премиерлигата, Арсенал, во сабота ќе му гостува на Барнли во натпревар од 10. коло од англискиот шампионат.
И покрај првото место и одличнат форма на стартот на сезоната, Артета е свесен што треба да биде приоритет за неговиот тим во овој момент:
„Не смееме да ја тргнеме ногата од гас, мора да го одржиме ова ниво. Мора да останеме фокусирани и да продолжиме да ја покажуваме истата амбиција во секој натпревар. Секој дуел е посебен предизвик, понекогаш мора да бидете трпеливи, понекогаш мора да пристапите поинаку. Имаме одлична можност, но мора да продолжиме да играме со иста конзистентност, а сите знаеме колку е тешко тоа. Утре имаме тежок натпревар и ќе мора да го дадеме најдоброто од себе за да победиме“, рече Артета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

