Артета: Жезус е вистински лидер, многу сме среќни што е дел од Арсенал

Габриел Жезус засега се наметнува како едно од најдобрите засилувања на Арсенал во последната деценија. Бразилскиот напаѓач во подготовките за новата сезона има фантастичен учинок со три постигнати гола на два одиграни натпревари па тоа беше повод за пофалба од тренерот Микел Артета.

Шпанскиот стратег вели дека Бразилецот е вистински лидер на теренот и тоа веќе има влијание кон останатите играчи па е многу среќен што е дел од тимот.

„Тој креира хаос, никогаш не сте сигурни против него. Одлично ја чита играта и секогаш е на вистинското место да ја украде топката или пак да се позиционира пред голот. Игра одлично, пожртвувано во одбраната и го води тимот. Тој има лидерски способности и тоа веднаш се примети кај останатите играчи. Тие постојано го бараат за шанси и тој ги криера. Веднаш се поклопи во тимот. Многу сме среќни што е тука“, изјави Артета.

Се вчитува...