Артуро Видал има договор со Интер

Иднината на Артуро Видале сосема извесно е поврзана со Интер. Информацијата која ја пренесуваат медиумите во неговиот роден Чиле, вели дека тој веќе има договор за трансфер од Барселона во Интер, а останува да биде договорена само платата.

Тој изминатиов период имал неколку телефонски разговори со тренерот на Интер, Антонио Конте и бил постигнат договор трансферот да се реализира најбрзо што може. Изворот на информацијата наводо е лице од блиското опкружување на фудбалерот.

Видал, како што се тврди, ќе го притиска Интер за висока плата блиску до рекордот на клубот затоа што ова му е последната можност за голем договор во кариерата. Тој има 32 години и ако потпише на две или три сезони со италијанскиот клуб, на 35-годишна возраст тешко дека би можел да биде и блиску до сумите кои претходо ги заработуваше.

 

Се вчитува...