Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски ќе го испочитува договорот со грчката Ламиа до јуни 2024 година, и покрај интересот од неколку екипи за промена на средината.
Ашковски во јуни минатата година пристигна во грчкиот шампионат, постоеше опција за промена на клубот по интересот на неколку клубови од регионот, но останува во Ламиа уште една година до крајот на договорот.
Стефан Ашковски и тоа како ќе биде неопходен за македонската репрезентација во септемврискиот квалификациски циклус. Се очекува да биде на списокот на селекторот Благоја Милевски за двата квалификациски натпревари против Италија во Скопје на 9. септември и против Малта на гости на 12. септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА