Асистенција на Јани Атанасов на вечното дерби со Динамо (видео)

Македонскиот интернационалец Јани Атанасов ќе го памети дебито во дресот на Хајдук, по асистенцијата што ја имаше непосредно по влегувањето во игра на вечното дерби против Динамо Загреб.

Атанасов, кој пред само неколку дена потпиша за сплитскиот клуб, влезе во игра во 84. минута на местото на Чакташ. Само две минути подоцна тој извонредно центрираше од корнер од левата страна, по што Јуриќ го намали водството на противникот. Атанасов имаше опасен корнер во самиот финиш при 1-2, но неговите соиграчи не успеаја да постигнат и втор гол и да избегнат пораз на овој натпревар.

Се вчитува...