Аспиликуета и Маркос Алонсо го спасија Челси против Плимут, Вест Хем се извлече со Кидерминстер (ВИДЕО)

Челси се извлече на домашен терен против Плимут совладувајќи го по продолженија со 2-1  во 4. коло од најстарото фудбалско натпреварување ФА купот. По 90. минути резултатот беше 1-1, откако гостите изненадувачки поведоа со голот на Гилеспи во 8. минута, додека на 1-1 израмни Цезар Аспиликуета со маестрален гол со пета во 41. минута.

Во продолженијата Челси беше подобар противник, а пласман во следната рунда донесе Маркос Алонсо со гол во 107. минута. Гостите можеа да се вратат повторно во мечот во 117. минута, но Кепа Аризабалага го спречи ударот од пенал на Харди.

Во вториот меч од првиот денешен термин во ФА купот фаворитот повторно се извлече. Нисколигашот Кидерминстер и тоа како може да жали бидејќи до 91. минута со голот на Пени имаше водство од 1-0. Прво Деклан Рајс во 91. минута го замолкна целиот стадион, а потоа Боувен во 121. го однесе Вест Хем во следната фаза.

Се вчитува...