Астон Мартин му посака добредојде на Фернандо Алонсо (ВИДЕО)

Двократниот шампион на Формула 1, Фернандо Алонсо во новата сезона ќе биде дел од тимот на Астон Мартин со кој потпиша двогодишен договор со можност за продолжување на соработката на уште една сезона.

Легендарниот Шпанец во Астон Мартин доаѓа од редовите на Аплин и таму ќе го замени Себастијан Фетел кој со крајот на сезона замина и во заслужена пензија.

Алонсо кој ќе биде совозач со Ленс Строл веќе го пофали болидот по претсезонските тестирања.

Се вчитува...