Аталанта го понижи Торино со „седумка“

Аталанта го декласира Торино совладувајќи го на гости со неверојатни 0-7. Блескаше Јосип Иличиќ кој постигна хет – трик, а беше стрелец и на неверојатен гол од половина терен.

Тој ја отвори серијата голови, а до крајот на првиот дел стрелаа и Госенс и Запата од пенал. Иличиќ беше стрелец на четвртиот и на петтиот гол, а последните два беа дело на Луис Мјуриел. Аталанта го заврши мечот со двајца фудбалери помалку поради исклучувањата на Изо и на Саша Лукиќ.

Се вчитува...