Аталанта и Лацио приредија голеада во Бергамо

Аталанта и Лацио одиграа фантастичен натпревар со дожд од голови (3-3) и на крајот ги поделија бодовите. Домаќинот поведе со 2-0, со головите на Калдара и на Иличиќ, но до крајот на полувремето Лацио израмни со двата гола на Сергеј Милинковиќ – Савиќ.

Во вториот дел, Иличиќ донесе ново водство за Аталанта со успешно реализиран пенал, но Луис Алберто не дозволи „лацијалите“ да си заминат дома поразени од овој дуел.

Се вчитува...