Аталанта го совлада тимот на Штурм Грац со 5-0, и направи огромен чекор кон првите осум позиции, кои носат директен пласман во 1/8 финалето во Лигата на шампионите.
Италијанскиот тим стигна до четвртиот триумф, и освои 14 бодови, со што се искачи на третата позиција на табелата, и се рехабилитираше од поразот од Реал Мадрид минатото коло.
Аталанта поведе со голот на Ретеги во 12. минута, а на вториот гол се чекаше до 58. минута кога Пашалиќ зголеми на 2-0. Де Кетеларе во 63. минута донесе 3-0 за Аталанта, а Лукман во самиот финиш од мечот зголеми на 4-0, додека пред последниот свиреж погоди и Брешанини.
Монако оствари важна победа за пласман во следната фаза, совладувајќи го на домашен терен тимот на Астон Вила со минимални 1-0. Уште во 8. минута Синго постигна гол, што ќе се покаже како конечен резултат на мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА