Аталанта успеа што не успеаја Јувентус и Интер

Аталанта се искачи на четвртото место во Калчо-лигата по победата на тешкото гостување во Фиренца (1-2), оставајќи ја Рома на три бода заостанување во трката за влез во ЛШ за следната сезона.  Фиорентина во досегашниот дел од сезоната остана непоразена на домашен терен од Јувентус и од Интер, но „виолетовите“ немаа сили да го задржат водството што го создадоа во првото полувреме.

Киезa со прекрасен удар од над 25 метри го матираше гостинскиот голман за огромна радост на „Артемио Франки“, но тоа предизвика само офанзивата на Аталанта во вторите 45 минути да стане уште поголема. Запата на самиот почеток од второто полувреме израмни по несебичната асистенција на Гомез, а пресвртот го комплетираше Малиновски со прецизен шут од дваесетина метри што заврши во долниот агол од голот на „виолетовите“.

Тимот од Бергамо моментно има 42 бода на четвртата позиција, осум помалку од третопласираниот Лацио.

Се вчитува...