Атаман ги шокираше сите: Лесор ќе игра на фајналфор турнирот во Абу Даби

Ергин Атаман повторно се најде во центарот на вниманието на кошаркарската јавност откако тренерот на ПАО на неколку дена пред стартот на фајналфорот во Евролигата изјави дека Матијас Лесор ќе биде подготвен за настап за европскиот првак во Абу Даби (23-25 мај).

Лесор е надвор од терените уште од декември кога заработи страшна повреда – скршеница на ногата, се очекуваше тој да биде „во аут“ до крајот на сезонава, но Атаман денеска даде поинаква информација.

„Лесор ќе патува со нас во Абу Даби. Да, ќе игра за Панатинаикос на овој фајналфор, зошто не би играл“, прокоментира Атаман.

Засега, нема официјална потврда дали францускиот центар навистина се рехабилитирал од повредата или станува збор за „лажна тревога“ со која Атаман сака да ги збуни противниците.

Панатинаикос во полуфиналето од фајналфор турнирот во Абу Даби ќе се сретне со Фенербахче.

Се вчитува...