Ергин Атаман нема долго да остане без работа откако доби отказ минатото лето од Патинаикос откако трофејниот стручњак почна да добива понуди за нов ангажман.
Прв нога повлече неговиот поранешен клуб Галатасарај, но таа понуда беше одбиена бидејќи Атаман сака следната работа повторно да му биде во Евролигата. Последните информации од Турција говорат дека Атаман е блиску до камбек, и тоа во клубот во кој го оствари најголемиот успех во кариерата.
Анадолу Ефес сериозно размислува да го врати Турчинот назад на кормилото откако овој клуб слабо ја почна сезоната. Пабло Ласо беше пред отказ и на крајот на минатата сезона, раководството сепак му укажа доверба, но сега ситуацијата е поинаква, особенео откако и Атаман покажал интерес за камбек.
Неофицијално, веќе се водени и првите преговори на оваа тема, па следниот пораз (може да се случи веќе вечерва во Каунас против Жалгирис) може да означи и крај на ерата на Ласо во Анадолу Ефес.
Атаман освои две евролигашки титули со овој клуб, во 2021 и во 2022 година, кога Ефес беше предводен од бековскиотт тандем Мициќ – Ларкин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
