Атаман во свој стил го прокоментира инцидентот со фановите на Фенербахче: Не трошам зборови за мали луѓе

Турскиот стартег Ергин Атаман нема по добро да го памети првиот ден на „Ф4“ турнирот на Евролигата откако при пристигнувањето во хотел во главниот град на Германија беше провоциран прво од фанови на Фенербахче, а потоа влезе и во конфликт со германската полиција.

Немилата случка кратко ја прокоментира на денешната пресконференција за медиуми на која не сакаше да навлегува во детали, но успеа да ги омаловажи фановите на Фенербахче кои го навредуваа.

„Сакам да им се заблагодарам на луѓето кои ме поддржаа. Започнувајќи од раководството на Евролигата и германската полиција. Не сакам на оваа пресконференција да трошам зборови за мал инцидент со мали луѓе. Тие не ги претставуваат фановите на Фенербахче. Тоа беше група од 10-15 луѓе, 10 до 15 провокатори“, изјави Атаман.

Се вчитува...