Mакедонскиот триатлонец Атанас Наумов е пред нов „Ајронмен“-предизвик.
Викендов, на 22 август, во Талин, Естонија, Атанас ќе застане на стартот на својот трет „Ајронмен“.
Пред него се 3,8 километри пливање, 180 километри велосипед и 42,2 километри трчање.
Наумов веќе има две „Ајронмен“ трки зад себе, а неговото најдобро време досега е 9 часа и 47 минути, со што го прави најбрзиот Македонец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
