Атланта го продаде Ромеро на Тотенхем и ја потврди неговата замена (ФОТО)

Кристијан Ромеро е нов играч на Тотенхем откако аргентинскиот стопер стави потпис на петгодишен договор со лондонскиот состав и се очекува да биде огромно засилување во тимот на Нуно Еспирито Санто во обидот за враќање на врвот на Премиерлигата.

Од овој трансфер Атланта заработи 47 милиони фунти, а дел од сумата беше искористена за доведување на неговата замена, а тоа е Мерих Демирал кој доаѓа од редовите на Јувентус.

23-годишниот Турчин во Атланта доаѓа на едногодишна позајмица од 2.5 милиони евра со опција за откуп на договорот од 25 милиони евра по крајот на сезоната.

Се вчитува...