Пред натпреварот со Европа, екипата на Шкендија направи голем гест кон својот поранешен играч и капитен, Арменд Алими. Алими објави крај на кариерата, а тетовскиот тим му приреди достојно „збогум“ во фудбалска пензија.
Така Алими од клубот доби дрес како благодарност за настапите во овој тим. Алими играше во Шкендија седум сезони, од 2014 до 2021 година. Покрај тоа играше и за Башкими, Работнички и Беса, а имаше и интернационална кариера настапувјќи во Истра, Еребро, Неа Саламис и Ермис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
