Атланта и Богдановиќ повторно потфрлија – Милвоки во финалето на НБА после 47 години

Милвоки е вториот финалист во големото финале на НБА лигата откако Бакс без Јанис Адетокумпо славеа и во шестиот натпревар од серијата против Атланта, овој пат на гостински терен со 107-118. Тре Јанг се врати во тимот на Хокс за овој натпреварот, меѓутоа ѕвездата на тимот на беше на посакуваното ниво.

Крис Мидлетон повторно го предводеше својот тим, овој пат со 32 поен и 7 асистенции, додека Дру Холидеј додаде 27 поени, 9 скока и 9 асистенции. Редиш беше прво име на Атланта со 21 поен, додека еден помалку додаде Богдан Богдановиќ.

За Милвоки ова е прво финале по 1974 година, а доколку Бакс слават во серијата против Феникс тоа ќе биде и нова титула за „зелените“ по точно 50 години.

Се вчитува...