Атланта и ЛА Клиперс не се откажуваат

Атланта ја продолжува битката со Филаделфија откако „јастребите“ го добија синоќешниот дуел со 103-100, израмнувајќи на 2-2 во оваа полуфинална серија од Источната коференција. Како пресудна се покажа добрата одбрана на Атланта во последната четвртина, во која гостите за 12 минути постигнаа 18 поени, a домашниот состаав знаеше како да го претвори тоа во резултатски пресврт и конечен триумф.

Тре Јанг одигра уште еден извонреден меч стигнувајќи до дабл-дабл од 25 поени и 18 асистенции, а одлична помош имаше од Богдан Богдановиќ, кој постигна 22 поени. Харис беше најефикасен со 20 поени, но потфрли центарот Ембид, кој стигна до 17 поени, но тоа го стори со катастрофален шут од поле 4/20.

Идентични 2-2 гласи и резултатот во серијата меѓу ЛА Клиперс и Јута, откако „џезерите“ го загубија и вториот меч во Лос Анџелес (118-104). Победникот беше решен во првото полувреме што клиперси го добија со 68-44, водство што рутински го одржаа до самиот крај на средбата. Џорџ и Ленард постигнаа по 31 поен за победничкиот тим, додека на гостите од Солт Лејк Сити не им помогнаа ниту 37-те поени што ги реализираше Донован Мичел.

Се вчитува...