Атланта и понатаму без Богдановиќ, поразена од Шарлот – Хјустон запиша победа над Њу Орлеанс

Атланта Хокс загуби од Шарлот Хорнетс со 130-127 ноќта помеѓу неделата и понеделникот. Победи запишаа и Хјустон и Торонто.

Иако ослабени, тимот на Шарлот одржа вистинска шутерска лекција во Атланта, а тоа им донесе и нова победа. Мајлс Бриџис постигна 32 поени, ги погоди сите шутеви во последната четвртина, неговиот тим постигна 17 тројки. Шест од нив постигна и Кели Обри Џуниор, вкупно 28 поени. Кај Атланта не беа доволни разиграните Јанг, кој постигна 25 поени и Џон Колинс кој постигна 31 поен, најмногу во сезоната. Очигледно отсуството на Богдановиќ и понатаму е „рак рана“ за тимот на Хокс.

Хјустон е хит, запиша 15 порази, па нареди шест победи во низа. Ерик Гордон и Кристијан Вуд постигнаа по 23 поени, па ана тој начин ја продолжија серијата победи. Брендон Инграм постигна 40 поени за Њу Орлеанс, но и тоа не вредеше. Следен противник на Хјустон е Бруклин, па останува да видиме дали ќе ја продолжат неочекуваната серија на победи во среда против лидерот на Истокот.

Останати резултати:

Кливленд – Јута 108:109
Атланта – Шарлот 127: 130
Торонто – Вашингтон 102: 90
Хјустон – Њу Орлеанс 118:108

Се вчитува...