Атлетик Билбао преку Валенсија до полуфинале во шпанскиот куп

Фудбалерите на Атлетик Билбао си обезбедија полуфинале во Купот на Шпанија откако во четвртфиналната пресметка славеа убедливо со 1-3 на гостувањето против Валенсија.

Муниаин во 35. минута го донесе Атлетик до предност од 0-1, а откако домашните израмнија со автоголот на Де Маркос во 43. минута, веќе во 45. минута Вилијамс донесе 1-2 за гостите.

Конечните 1-3 за Атлетик Билбао ги постави Везга од пенал во 74. минута од натпреварот.

Место во полуфиналето вчера обезбедија и Барселона и Осасуна.

Се вчитува...