Атлетико и со играч помалку до триумф во Виго: Депај го израдува Симеоне (ВИДЕО)

Нема меч Атлетико Мадрид да не добие црвен картон, а така беше и попладнево во Виго. Беше 0-0 кога стоперот на Атлетико Стефан Савиќ одново доби црвен картон во Ла Лига, и така ги остави своите соиграчи на „цедило“.

И кога се чинеше дека Селта нема да потклекне пред големиот фаворит, нововелезениот Депај во 89. минута го постигна голот вреден победа за Атлетико и го израдува Диего Симеоне.

Атлетико со оваа победа се зацврсти за момент на четвртото место, и ќе го напаѓа третото, додека за титула се чини дека четата на Симеоне нема никакви шанси со оглед дека досега во текот на сезоната направи многу киксови.

Се вчитува...