Атлетико М. и натаму се мачи со противниците – само минимална победа против Кадиз (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид и натаму се мачи со формата оваа сезона во шпанската Ла Лига. Јасно е дека Атлети се далеку од одбрана на шампионската титула, а вечерва се намачија да дојдат до победа против Кадиз.

На крајот четата на Симеоне славеше со 2-1, но потешко од очекувањата. Тие беа фаворити, ама на крајот требаше добро да се испотат за да дојдат до трите бода.

Феликс во 3. минута донесе водство, и кога се чинеше дека им е отворен патот кон победата, Негредо ги шокираше во 45. минута. 15-тата победа на Атлетико ја донесе Де Пол во 68. минута. Сепак, финишот беше неизвесен затоа што домашните останаа без еден играч, но Кадиз не го искористи тоа и не дојде барем до бод.

Се вчитува...